Мина Блажев - Фото: Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Мина Блажев уште еднаш покажа дека со посветеност и работа може да се постигне сè

И покрај бројните работни обврски и музички ангажмани, нашата млада пејачка Мина Блажев успеа да дипломира на еден македонски приватен колеџ. Горда на своето ново животно достигнување, Мина сподели фотографија и видео на својот Инстаграм, со што го одбележа овој важен и емотивен момент.

 

Инаку, Мина е позната по учеството на Детската Евровизија 2017 во Тбилиси, Грузија. Таа уште како тинејџерка ја освои бисерната награда на меѓународниот музички фестивал „Езерски бисери“ и беше дел од популарното регионално шоу „Пинкови ѕвездички“. Во својата кариера досега има освоено седум први, три втори и една трета награда на државни и меѓународни натпревари, има издадено и свои песни кои бројат илјадници прегледи.

Со дипломирањето, Мина уште еднаш покажа дека со труд, посветеност и љубов кон она што го правиш сè е можно.

Мина Блажев – Фото: Инстаграм

Честитки за овој успех!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот