Фото: Инстаграм/Хајди Клум

ФОТО+ВИДЕО | Хајди Клум во топлес издание: Згодната манекенка ја прослави годишнината со сопругот на плажа

„Денеска ја славиме нашата љубов, како и секој ден“, рече Хајди Клум (51), честитајќи му ја годишнината од бракот на својот сопруг Том Каулиц (34). Парот одлучил својот посебен ден да го помине на плажа, но нивната прослава била ставена на втор план поради провокативното издание на манекенката.

Имено, Клум го носела само долниот дел од бикинито, а градите се обидувала да ги покрие само со рацете. Сепак, во еден момент од видеото, кое го објави на Инстаграм, покажа малку повеќе од планираното, но се чини дека тоа не ѝ претставувало проблем. Покрај градите, таа ги покажа и долгите нозе, додека нејзиниот сопруг лежи и „спие“ под неа.

Сопружниците потоа објавија заеднички фотографии и уште еднаш покажаа колку се заљубени.

„Не би можела да најдам подобар. Том, те сакам“, напиша Клум, која на фотографиите позирала топлес, но се сокрила зад Каулиц.

Фото: Инстаграм/Хајди Клум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот