ФОТО+ВИДЕО | Хајди Клум во провокативно издание на празничните фотографии од Карибите

Фото: Инстаграм/Хајди Клум

Германската манекенка Хајди Клум (50) го прослави Божиќ со својот сопруг Том Каулиц (34) на луксузно патување на Карипските Острови. Двојката не ја криела својата љубов, пишува „Дејли мејл“, па додека се одморале на песочната плажа си разменувале нежности.

Клум објави неколку фотографии и видеа од одморот, на кои таа и Каулиц уживаат во празничните мигови. Манекенката ја покажа својата завидна фигура во црно бикини, кое го искомбинирала со наметка со гепартски дезен и новогодишна капа со светки.

Фото: Инстаграм/Хајди Клум
Хајди Клум
Фото: Инстаграм/Хајди Клум
Фото: Инстаграм/Хајди Клум

Објавата содржи и видео на кое се гледа како манекенката елегантно стои на лулашка, додека нејзиниот сопруг несмасно се обидува да ѝ се придружи. Исто така, Клум и Каулиц уживале во прекрасната глетка на зајдисонцето, држејќи се за раце.

Славниот пар е во брак од 2019 година, а со тоа Каулиц стана очув на нејзините четири деца – 19-годишната Лена, 18-годишниот Хенри, 17-годишниот Јохан и 14-годишната Луа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот