Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

ФОТО+ВИДЕО | Дали ова значи крај на врската меѓу Тамара и Лука? Пејачката ги избриша заедничките фотографии и објави духовито видео

По речиси три години откако јавноста дозна за нејзината љубовна врска со Лука Радовиќ, пејачката Тамара Тодевска најверојатно со почетокот на новата година започна и ново љубовно поглавје. Иако подолго време уживаше во врската со архитектот, кој беше многу близок и со нејзините деца Дарен и Хана, сè почесто се шпекулира дека нивната љубовна приказна е завршена.

Имено, внимателните следбеници забележаа дека од инстаграм-профилот на Тамара се избришани сите заеднички фотографии со Лука, а двајцата повеќе не се следат ниту на социјалните мрежи.

Тамара Тодевска Инстаграм – Фото: Инстаграм

Дополнително, пејачката неодамна објави интересно и духовито видео во кое, преку реплика од серијата „Белиот лотос“, на хумористичен начин покажа како изгледа кога една слободна мајка повторно оди на состанок.

Оваа објава кај многумина отвори дилема, дали Тамара повторно е сингл?

Да потсетиме, врската меѓу Тамара и Лука стана јавна во 2023 година, по нејзиниот развод од Александар Димитровски – Мачка. Во тој период таа отворено зборуваше за новата љубов, споделуваше заеднички моменти на социјалните мрежи и не криеше дека е среќна и исполнета.

– Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме, изјави Тамара во 2024 година за „Слободен печат“.

Засега, пејачката официјално не се огласила дали сѐ уште е во врска со Лука или пак се работи за некоја лична фаза, но нејзините последни објави јасно покажуваат дека моментално е фокусирана на себе, на децата и на сопствениот мир.

Дали ова навистина значи крај на врската со Лука или само почеток на ново поглавје во животот на Тамара, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот