ФОТО | Жизел Бундшен за првпат во јавноста по веста за нејзината бременост: Откриено и дека има посебен план за породувањето
Познатата бразилска манекенка Жизел Бундшен (44) чека дете со својот избраник Хоаким Валенте (35). Таа веќе има две деца од претходниот брак со Том Брејди, а ова ќе ѝ биде прво дете со новиот дечко.
Препорачано
Сега, Жизел беше забележана за првпат во јавноста и изгледаше одлично. Таа беше забележана на опуштена прошетка со нејзиното куче во Мајами. Исто така, папараците ја забележаа и додека одеше на час по пилатес, пишува „Пипл“.
Иако по фотографиите не може да се забележи точно во кој месец е од бременоста, добро информиран извор има неколку информации за оваа бременост.

Наводно Жизел едвај чека сè, ужива во Мајами и е пресреќна. Интересно е и тоа што парот не сака да го знае полот на бебето до раѓањето.
“Таа е возбудена за бебето и се чувствува добро. Има уште неколку месеци до породувањето и планира да се породи дома”, рекол изворот.

Инаку, Жизел ги родила првите две деца дома во исти услови.
Да потсетиме, Бундшен е во врска со Валенте, инструктор за џиу-џицу, од јуни 2023 година. Тие првпат беа видени заедно во ноември 2022 година, кога парот летуваше во Костарика со нејзините две деца. Откако првично негираше романтична врска со нејзиниот тренер, таа подоцна призна дека се родила љубов меѓу нив.


