ВИДЕО | „Тоа беше време на хероински шик…“: Жизел Бундшен се присети на моментот кога ѝ се сменил животот

Фото: Инстаграм/Жизел Бундешн/Profimedia

Во новото видео на модното списание „Вог“, објавено во вторникот, бразилската манекенка Жизел Бундшен (43) се присети на нејзината прва насловна страница на американскиот „Вог“, како и на нејзината повеќедецениска кариера и нејзините врвни моменти на светот на модата.

Легендарната манекенка ги пушти новинарите на „Вог“ во нејзиниот раскошен имот во Мајами и им ја покажа својата ценета копија од списанието од јули 1999 година, што ѝ помогна да стане модна икона.

„Ова (списание) е многу посебно за мене бидејќи тоа беше мојата прва насловна страница на американскиот ‘Вог’“, со насмевка изјави мајката на две деца.

„Имав 18 години кога го снимив“, продолжи Бундшен и истакна дека тој ден го памети како „многу посебен“.

Фото: Инстаграм/Жизел Бундешен

Понатаму, таа опиша дека отишла во Њујорк и се сретнала со познатиот фотограф Стивен Мајзел за да „се обиде“ да ја сними насловната страница за тоа издание.

„Најголемото нешто што можеш да го направиш како модел е да се најдеш на насловната страница на американскиот ‘Вог’“, продолжи манекенката и истакна дека таа фотографија е „почеток на сѐ“.

Фото: Инстаграм/Жизел Бундешен

Понатаму, 43-годишната манекенка ја прокоментирала и естетиката на тоа време и како тоа влијаело на важноста на оваа насловна страница.

„Тоа беше време на хероински шик“, изјавила манекенката која својата фотографија на насловната страница на „Вог“ ја смета за „враќање на сексапилната манекенка“.

„Никогаш не се сметав себеси за секси, но бев многу среќна што ме избраа да се претставам на оваа насловна страница“, истакнала таа.

Фото: Инстаграм/Жизел Бундешен

Прелистувајќи го списанието, Бундшен покажа фотографија која укажува на промената што ја направи модната индустрија во однос на претставувањето на телото во 21. век.

„И тогаш ја направив оваа фотографија со Ирвинг Пен, на која бев гола, а мислам дека тоа укажуваше на враќање на облините кај жените“, раскажа манекенката, која нагласи дека тоа издание на „Вог“ на некој начин е „почеток на нова ера во модата, а таа имала доволно среќа да биде на вистинското место во вистинско време“.

Интересно е и тоа што споменатото издание на „Вог“ излезе на нејзиниот роденден, во јули 1999 година, кога наполни 19 години и го нарече „најдобриот подарок“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот