ФОТО | Зендаја во заводливо издание на премиерата на „Еуфорија“ – се појави во долг фустан со отворен грб
Зендаја синоќа присуствуваше на премиерата на третата сезона од серијата „Еуфорија“, и се појави во заводливо модно издание.
Препорачано
За оваа пригода, таа избра долг сатенски темнокафен, речиси црн фустан со јака, кој ги истакнуваше нејзините рамена и витката фигура. Исто така, фустанот се состои од наметка што се простираше зад него, а од друга страна, фустанот беше целосно отворен на грбот.
Зендаја го комплетираше модното издание со едноставни сребрени обетки и дијамантски прстени, вклучувајќи го и свршеничкиот прстен од Том Холанд, додека за шминка одлучи да ги нагласи очите.

Инаку, таа потврди претходно за време на гостувањето во „Шоуто на Дру Баримор“ дека серијата „Еуфорија“ ќе заврши со третата сезона.
Дополнително, Зендаја зборуваше за влијанието што го имаше преземањето на главната улога на Ру Бенет врз нејзиниот живот и кариера.
– Еуфоријата ми го скрши срцето. Ру ме научи толку многу за животот. Таа екипа ме виде како растам. Ѝ должам толку многу на серијата. Ру ме научи на емпатија и искупување, благодарна сум за сето тоа – рекла таа.
ВИДЕО | Том Холанд го поправи новинарот: „Зендаја не ми е девојка, таа ми е свршеница“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


