принцеза шарлин
Фото: Profimedia

ФОТО | Вонбрачните деца на принцот Алберт пораснаа, а неговиот брак се распаѓа!

Пред да се венча со пливачката од Јужна Африка, принцезата Шарлин, принцот Алберт од Монако имал мошне бурен љубовен живот, во кој се родени и неговите вонбрачни деца. Едното од нив, ќерката Јазмин (23), на својот инстаграм-профил откри дека е во одлични односи со својот полубрат Александар, со кого единствената поврзаност ѝ е – истиот татко.

Јазмин Грејс Грималди исто така објавила фотографии и од прославата на 18-тиот роденден на Александар Грималди Коста. Снимени се во ресторан во Монако и главни актери на приказната се тие двајца, полубрат и полусестра, кои имаат ист татко и иста судбина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JazminGraceGrimaldi (@jazmingrimaldi)

Станува збор за вонбрачните деца на монегашкиот владетел, принцот Алберт Втори, родени во неговите врски пред бракот со принцезата Шарлин, а кои со години чекаа нивниот татко и официјално да ги признае. Сето ова ги поврзало, па затоа не изненадува блискоста што е видлива на фотографиите, иако тие не живеат заедно.

Имено, најстариот син на принцот Алберт, Александар, живее во Лондон, а исто како и неговата постара сестра Јазмин Грејс Грималди е вонбрачно дете на монегашкиот владетел. Роден е во текот на петгодишна врска со Никол Тосукпе, стјуардеса на „Ер Франс“, а нивното раскинување било иницирано од таткото на Алберт, Рание Трети, кој му наредил на синот да ја напушти стјуардесата.

Александар е роден во 2003 година, a иако Алберт ветил дека на неговиот син нема да му недостасува ништо, во моментот на неговото раѓање тој одбил официјално да го признае. Тоа го направил дури две години подоцна, а Александар денес со својата мајка живее во Велика Британија, близок е со семејството, но не се наоѓа на списокот за наследство на престолот.

Неговата полусестра Јазмин е родена во текот на врската на принцот Алберт со Тамара Ротоло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JazminGraceGrimaldi (@jazmingrimaldi)

Принцот Алберт и принцезата Шарлин имаат две деца – шестгодишните близнаци Габриеле и Жакус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот