Виолета Томовска и Ирена Спировска / Фото: Инстаграм/Ирена Спировска

ФОТО | Виолета Томовска прослави роденден на посебен начин, Ирена Спировска објави детали

Познатата водителка Ирена Спировска на емотивен начин ѝ го честиташе 81. роденден на фолк легендата Виолета Томовска.

Спировска на нејзината инстаграм-приказна сподели топла и искрена честитка по повод роденденот на Томовска.

„Среќен 81 роденден, драга Виолета Томовска, да си ни жива и здрава до 101!“, напиша Спировска, споделувајќи заедничка фотографија со легендарната пејачка, на која двете изгледаат одлично.

Виолета Томовска и Ирена Спировска / Фото: Инстаграм/Ирена Спировска

Фотографиите се направени за време на концертот „Миланова игра“, кој се одржа во петокот во Филхармонија, организиран во чест на Милан Завков, каде на едно место се собраа дел од најпознатите имиња од македонската фолк сцена.

На сцената и зад сцената, Спировска се дружеше со вистински фолк дами меѓу кои и Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Ленче Кукиќ. На концертот со голем оркестар со кој диригираше Дијана Имери-Илкоска, а го организираше „Баги комуникации“, настапија и Наум Петрески и Горан Кукиќ.

Фото: Инстаграм/Ирена Спировска

Елегантните изданија и насмевките на фотографиите сведочат за свечената атмосфера и почитта кон македонската музичка традиција и делото на големиот музичар Милан Завков.

Инаку, како изненадување за 80. роденден на Виолета Томовска, семејството на легендарната пејачка сними нова верзија на песната „Молитва“, која ја пеат и свират сите музичари од нејзиното пошироко семејство.

Ќерката на Томовска, Невенка Росоманова, изјави дела ја снимиле песната за три часа, а сите роднини кои живеат во Белград, Загреб и Чикаго веднаш прифатиле да учествуваат.

Инаку, Виолета Томовска заедно со со популарното дуо Дац и Александар, ја преработија „Заиграј со мене ти” минатата година.

Преработката со нов аранжман на Александар Митевски и неговите колеги е направена во чест и сеќавање на големиот маестро Милан Завков кој е автор на музиката на оваа вечна песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот