ФОТО | Винсент Касел и неговата 30 години помлада девојка ја воодушевија публиката во Кан
Францускиот актер Винсент Касел (59) синоќа на филмскиот фестивал во Кан присуствуваше на премиерата на филмот „Histoires Paralleles“, каде по црвениот тепих прошета со својата 30 години помлада девојка, Нара Баптиста. Двојката беше модно усогласена и го привлече вниманието на присутните.
Препорачано
Касел се одлучи за класичен црн костум во комбинација со бела кошула, додека Нара носеше црн кадифен фустан без прерамки. Својот изглед таа го надополни со асиметрични обетки и црни салонки.

Касел и Баптиста се заедно од 2024 година, а токму на црвениот тепих во Кан и официјално ја потврдија својата врска пред јавноста. Во јануари 2025 година двојката го доби своето прво заедничко дете, синот на Касел. Ова е негово четврто дете од бракот со Моника Белучи ги има ќерките Дева и Леони, додека со Тина Кунаки ја има ќерката Амазон.

Покрај Касел и режисерот Асгар Фархади, на премиерата присуствуваа и ѕвезди како Виржини Ефира, Изабел Ипер и Катрин Денев. Филмот ја следи приказната за еден крадец (го игра Адам Беса), кој по едно добро дело добива работа како помошник на повлечена писателка (Ипер). Таа смислува контроверзна приказна за луѓето кои работат во тонско студио преку патот, чии ликови ги толкуваат Касел, Ефира и Пјер Нинеј. Крадецот го зема нејзиниот ракопис и го претставува како свој, со што сите ги вплеткува во приказна полна со шпионажа и недоверба.


