Фото: Инстаграм/ cristiano

ФОТО+ВИДЕО | Роналдо и Георгина со децата го поминаа Божиќ кај Дедо Мраз во Лапонија

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ги објавија своите божиќни честитки на Инстаграм. Празникот го прославија со своите деца кај Дедо Мраз во Лапонија.

„Најважниот дел од Божиќ“, напиша Роналдо. Покрај тоа, тој сподели и семејна фотографија на која седи на маса со Георгина и децата, сите облечени во исти пижами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Неговата партнерка објави уште неколку фотографии. На една од нив може да се види дека семејството се возело со Дедо Мраз на санки влечени од ирваси. Георгина објави и видео на кое Роналдо и неговите деца гледаат низ прозорецот додека го чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци.

И двајцата предизвикаа бројни реакции со своите честитки. Објавата на Роналдо ја лајкнале речиси седум милиони луѓе, а на Георгина нешто повеќе од 1,7 милиони луѓе. Тие во коментар добија бројни честитки од нивните следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Најслатката фотографија на денот“, „Вие сте прекрасно семејство, Среќен Божиќ“, „Среќа и љубов за вашето семејство“, „Ти си најсреќната жена на светот“, „Прекрасно семејство“, коментираа следбениците.

Ова не е прв пат Роналдо и Георгина да се јавуваат од Финска. Претходно, фудбалерот сподели видео на кое оди гол до половината во вода, додека Георгина објави фотографии и видеа како сите уживаат во радостите на снегот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Домот на Дедо Мраз често се поврзува со Лапонија, регион во северна Европа кој опфаќа делови од Финска, Шведска, Норвешка и Русија. Градот Рованиеми, кој се наоѓа на Арктичкиот круг во Финска, е популарно познат како „официјален дом на Дедо Мраз“.

Постои и туристичко село Дедо Мраз, каде посетителите можат да го сретнат Дедо Мраз, да ја посетат работилницата за џуџиња и да уживаат во зимските активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот