ФОТО + ВИДЕО | Арнолд Шварценегер непрепознатлив: Драстично се промени за улогата во новиот божиќен филм
Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер го промени својот изглед до непрепознатливост, поради новата улога во божиќниот филм „Човекот со торбата“ (The Man With The Bag), кој моментално се снима.
Препорачано
Во овој филм, Шварценегер ќе го игра Дедо Мраз, а во актерската екипа ќе му се придружи и Алан Ричсон. Шварценегер бил забележан на улиците на Менхетен на пат кон филмскиот сет.
Arnold Schwarzenegger was spotted visiting the set of the holiday-themed film “The Man with the Bag” in New York City. The iconic actor’s presence has sparked excitement with fans ???#schwarzenegger #SantaClaus #themanwiththebag #film pic.twitter.com/Bf0jRZrtdT
— Splash News (@SplashNews) December 16, 2024
Ова ќе биде негов втор божиќен филм во кариерата, откако во 1996 година глумеше во филмот „Џингл по целиот пат“ (Jingle All The Way) кој ја играше улогата продавач на душеци кој во последен момент се обидува да ја најде најпопуларната играчка за својот син, натпреварувајќи се со друг татко во божиќниот шопинг.
View this post on Instagram
Потсетуваме, минатиот месец на Денот на благодарноста во куќата на Арнолд Шварценегер во Лос Анџелес беше пријавена бомба, поради што неколку полицајци го претресоа неговиот дом. Изворите велат дека полицијата одговорила на повикот дека во поштенското сандаче на актерот во неговиот дом во Лос Анџелес била поставена бомба. Тие се упатиле кон домот и го пребарале поштенското сандаче и околината, но не пронашле експлозивна направа.
ФОТО | Шварценегер со серија фотографии му го честиташе роденденот на Сталоне: Ти си легенда!


