ФОТО | Вели дека нема пари да ја плати отштетата на Џони Деп: Погледнете во каков луксуз ужива Амбер Херд

Фото: Профимедиа

Судскиот процес помеѓу поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд траеше шест недели, а во текот на судењето беа откриени бројни детали од нивниот турбулентен однос.

Поротата на крајот одлучи во корист на Деп, додека од друга страна, прифати една точка од контратужбата којашто Амбер ја покрена против славниот актер.

Фото: Профимедиа

По одлуката на поротата, судот ги одреди трошоците на Деп и Херд по завршувањето на процесот. Според нивната пресуда, познатиот актер на поранешната сопруга треба да ѝ исплати два милиони долари, додека таа треба да му плати отштета од 15 милиони. Меѓутоа, кога нивниот конечен долг ќе биде повторно пресметан според пресудата на судот во Вирџинија, Амбер треба да плати 8,35 милиони долари на Џони.

Фото: Профимедиа

Веднаш по пресудата, се огласија и двајцата. Џони рече дека поротата му го вратила животот, а Амбер изјави дека е разочарана и подоцна рекла дека не може да ја плати оваа отштета.

Меѓутоа, додека Амбер тврди дека не може да си дозволи толку пари, се појавија детали за нејзиниот престој во Вирџинија.

Имено, актерката престојува во луксузна вила која се простира на 1.200 квадратни метри, со површина на двор од еден хектар.

Во рамките на овој комплекс, Херд има приватни тениски игралишта, кино, спа и осум спални соби.

Фото: Профимедиа

Престојот во овој луксуз чини 22.500 долари месечно, пишува „Мејл онлајн“.

Актерката во предградието на Вашингтон престојува со семејството.

Адвокатката на Амбер Херд, Елејн Бредхофт, неодамна изјави дека актерката „апсолутно не може да си дозволи да му исплати отштетата на Деп“ и ќе поднесе жалба на оваа пресуда.

Деп ја прослави победата на суд во паб: Актерот видно расположен

Амбер Херд лажела дека парите од разводот ги донирала во детска болница

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот