ФОТО: Вардар е тим за големи работи, падна и европскиот вицешампион

Борко Ристовски е подготвен за утрешниот настап против Кил/Скопје, Македонија/29 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите, и тоа против досега најтешкиот предизвик. Вардарци во СЦ Јане Сандански со 30:28 го совладаа европскиот вицешампион Алборг, а со прикажаната игра покажаа дека се подготвени и за поголеми нешта. 

Вардар првото водство на натпреварот го имаше во пестата поминута кога Тимур Дибиров погоди од пенал за 3:2.
Но, актуелниот европски шампион експресно возврати, сите технички грешки на „црвено-црните“ ги казнуваше со лесни голови од контранапари и во 11. минута предноста на Алборг изнесуваше четири гола (4:8).

Ристовски одбрани три седмерци/Скопје, Македонија/29 септември 2021 година/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Првиот избор на голманската позиција за овој натпревар, Мартин Томовски немаше свој ден и во првите 15 минути имаше само една одбрана, по што Вујовиќ во игра го внесе Борко Ристовски кој донесе сигурност на голот и благодарение на неговите четири одбрани во првиот дел, вардарци успеаја да се вратат во игра.

Во 23. минута со голот на Валчак, Вардар дојде до израмнување (13:13). Во наредните пет минути се играше гол за гол, се до последната минута од првиот дел кога Дибиров погоди за 16:15. Во последните секунди од првиот дел, Алборг успеа да дојде до изранување преку Лесо. Во првиот дел блескаше Дибиров со шест постигнати голови, додека кај Алборг најпрецизен со четири гола беше Феликс Клар.

Веселин Вујовиќ може да биде задоволен од прикажаа игра на вардарци/ Скопје, Македонија/29 септември/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар одлично го започна второто полувреме, со Ристовски се разбрани на голот, а во нападот проработе француската врска. „Црвено-црните“
преку Жереми Тото го постигна првиот гол, а во 35 минута по голот на Оливие Њокас за прв пат поведе и со два гола.

Оливие Њокас се разигра во второто полувреме/Скопје, Македонија/29 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ристовски потоа го одбрани пеналот на Бартхолд како и вториот обид на истиот ракометар по што Оливие Њокас беше прецизен и му донесе предност од три гола (20:17). Сите пет гола за Вардар во првите шест минути ги постигнаа Тото и Оливие Њокас, додека Ристовски имаше четири одбрани во тие моменти, од кои два беа удари од седум метри.

Кевин Њокас постигнуваше голови кога беше најпотребно/Скопје, Македонија/29 септември 2021 година/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кевин Њокас со својот прв гол на натпреварот, во 41 минута му носи предност на Вардар со 22:19. Во следниот напад Вардар имаше можност да поведе со четири гола предност, но „црвено-црните“ прават две грешки во додавањата и тоа Алборг го казни со два лесни гола за 30-тина секунди и намали на 22:21 во 43 минута.

Жереми Тото и Оливие Њокас ја враќаат предоста на Вардар од три гола по што наредниот период се играше гол за гол. Во 54. минута Ристовски го брани третиот седмерец на ракометарите на Алборг по што со голот на Оливие Њокас, Вардар за прв пат дојде до четири гола предност (28:24).

Сепак, ракометарите на данскиот тим не се предадоа, во офинишот ги казнија грепките на вардарци кои пет минути беа без постигнат гол, и намалија на 29:28. Сепак во 59. минута, Кевин Њокас го постави конечниот резултат, 30:28.

Најзаслужен за вториот триумф на Вардар во ЛШ е Борко Ристовски со 12 одбрани, од кои три беа седмерци, додека во нападот одличен беше Оливие Њокас со седум постигнати голови, Дибиров остана на шесте од првиот дел, додека Жереми Тото сите пет гола ги даде во второто поувреме.
Кај Алборг, Кристијан Бјорнсен беше најпрецизен со шест постигнати голови.
Следниот натпреваер во Лигата на шамионите, Вардар ќе го игра на 13 октомври, повторно на домашен терен кога го пречекува Монпелје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот