ФОТО | Уште еден доказ дека не ја кажува вистината: Се појави фотографија на која Меган Маркл во рацете држи магазин со Кејт на насловната

Profimedia
Фото: Профимедиа

Иако тврди дека не знаела буквално ништо за својот сегашен сопруг, принцот Хари, ниту за неговото семејство, доказите од минатото говорат поинаку…

Иако Меган Маркл за време на интервјуто кое го даде кај Опра Винфри го вознемири светот со признанијата и раскажа дека не знаела ништо за кралското семејство, повторно се испостави дека ниту тоа не било во целост вистина.

Меган призна дека била наивна кога станувало збор за должностите кои и следуваат кога ќе влезе во кралското семејство, но како и многу пати досега, и тоа се испостави дека не било вистина.

На социјалните мрежи исплива една стара фотографија на Меган, на која таа позира со пријателка, а во рацете држи магазин на чија насловна се смешка – токму Кејт Мидлтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @thepeepingcat


Оваа фотографија настанала во 2014 година и тоа две години пред Меган да го запознае сегашниот сопруг Хари.

Додека многумина тврдат дека ова е само доказ дека Меган тесно го следела кралското семејство пред да го запознае, и дека е апсолутна невистина дека не знае ништо за нив, на некои ова им изгледа како чиста случајност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот