ФОТО | Твитерџиите погодуваат на кого личи Тони Блер: Новата фризура на поранешниот британски премиер хит на социјалните мрежи

Фото: Твитер

Се чини дека затворањето поради пандемијата на вирусот корона го погоди и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој како и многу други граѓани долго време не можеше да оди на фризер, па се појави пред камерата со многу подолга коса.

Овој настан, се разбира, ги охрабри корисниците на социјалните мрежи да ги споделат своите впечатоци едни со други.


Така, прашањето „на кого личи Тони Блер“ доби многу смешни одговори.

Имаше сè – дека Блер изгледа како Голум од „Господарот на прстените“ или Док Браун од „Враќање во иднината“.

Инаку, Блер се појави со подолга седа коса во интервјуто кое го даде на Пол Бренд од ITV, во кое зборуваше за референдумот за независност на Шкотска.


За други, трансформацијата на фризурата беше слична на онаа што некогаш, ја имаше актерот Николас Кејџ а некои исто така се сеќаваа како изгледал Блер во младоста.


Салоните во Велика Британија повторно се отворија на 12 април и кога почнаа да работат, беа забележани големи гужви.


Новинарот Пол Бренд искоментира дека Блер, во неформален разговор, му рекол дека „се радува на потстижување“.

Видео на денот