Фото: Социјални мрежи

ФОТО | Трагедија кај Сремска Митровица – автобус полн со работници се преврте, има загинати

Сообраќајна несреќа се случила на патот Сремска Митровица – Јарак, кога се превртел автобус полн со патници. Како што неофицијално дознава „Блиц“, најмалку две лица загинале.

Според информациите, поголем број патници се повредени и во моментов се пренесуваат во болница.

Сообраќајот е запрен, а како што се гледа на фотографијата објавена на Инстаграм-страницата „sremskamitrovica.mojgradsm“, на местото на несреќата има најмалку три екипи на Итната помош од Домот на здравје Сремска Митровица.

Покрај нив, на терен се и возила на итната помош од Рума, Инџија и Шид, а некои од повредените се пренесуваат со приватни автомобили во Општата болница во Сремска Митровица.

Како што неофицијално дознава Сремска телевизија, станува збор за автобус кој превезувал работници. Истрагата е во тек, а точната причина за несреќата ќе биде позната по увидот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот