Три лица загинаа откако во Австралија се урна авион за гаснење пожари

Авион за гаснење пожари се урна во планинска област во австралиската држава Нов Јужен Велс. Тројцата членови на екипажот загинаа, соопштија локалните власти. Врската со авионот Ц-130 Херкулес, вклучен во гаснењето на шумските пожари во областа, беше изгубена непосредно по 14 часот по локално време / 03.00 часот по Гринич, наведуваат властите.