Сузана Спасовска/Фото: Приватна архива

ФОТО | Сузана Спасовска денеска слави и роденден и именден: „Тивка радост во мене!…“

Македонската музичка дива Сузана Спасовска денеска има два поводи за славење. Сузана, еден од најмоќните женски гласови на македонската народна и фолк сцена, денеска слави и роденден и именден.

Пејачката објави на својот профил на Фејсбук фотографија од себе со славенички натпис:

„Тивка радост во мене! Денес е и мојот роденден и мојот именден, денес е Света Сузана! За многу години! ❤“, напиша Спасовска.

Бројни пријатели, колеги и обожаватели ѝ ги честитаат роденденот и именденот, посакувајќи ѝ најубави желби.

Фолк-дивата Сузана Спсовска е родена на 24 август 1964 година во Скопје. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни.

Нарекувана „златното грло“, „славејот македонски“, „наследничка на Васка Илиева“ . Позната е по своите уникатни настапи и кореографии.

Македонската музичка ѕвезда од 80-тите години на 20 век ја негува македонската песна и снимила над 25 самостојни аудио, ДВД и видеоизданија, многу видеозаписи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и настапувала на речиси сите фестивали и добила бројни награди и признанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот