Ирена Спировска / Фото: Фејсбук/Ирена Спировска

ФОТО | Специјална приказна на Ирена Спировска и Душко, оваа страст ги поврза

Ирена Спировска долги години ужива во љубовта со својот партнер, Душко Исајловски, со кого ја врзува заедничка страст.

Тие се заедно на речиси сите јавни настани, а една убава слика од нив објави Златна Бубамара на популарноста, потсетувајќи се на ланското издание.

Ирена и Душко изгледаат холивудски, седнати се во првиот ред во салата „Борис Трајковски“, а она што привлекува внимание на сликата е фустанот на Ирена.

Ирена Спировска и Душко Исајловски / Фото: Фејсбук/Златна бубамара

Во една прилика, во „Слободен печат“, водителката и новинарка зборуваше за она што ги поврзало со Душко.

„Слободното време и двајцата сакаме да го минуваме активно и во природа, тој повеќе на велосипед, а јас повеќе на планина. Имаме прекрасни планини во нашава земја, прекрасни планински реки, езера и водопади, планински села што вредат да бидат посетени и видени. Времето поминато на планина секогаш ме прави исполнета, задоволна и неизмерно среќна. Планините се прекрасни и во лето и во зима, но сепак се најубави токму во овој период кога природата се буди, кога се расцветува и раззеленува“, изјави таа.

„Шар Планина е нашата омилена планина и најчеста дестинација“, рече Ирена Спировска и додаде: „Се надевам дека љубопитните нема да ми замерат, но за приватните планови не би сакала да зборувам. Иако работам јавна професија, секогаш се трудам приватниот живот да го одделам од професионалниот“.

„Се препознав себе си во него“, рече Ирена во една прилика за „Женски магазин“.

Ирена е мајка на Зорица, која е возрасна и за неа ретко зборува во јавноста.

„Таа е млада девојка која, како и сите други, има право на свој живот, амбиции и соништа, кои сметам дека е непотребно да ги експонирам во јавноста“, изјави водителката за „Слободен печат“.

ВИДЕО | Ирена Спировска ја отвори снежната сезона на Попова Шапка во есен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот