ФОТО: Соиграч на Елмас избегна голема трагедија во последен момент!

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Нова голема трагедија можеше да го погоди светскиот фудбал, но за среќа беше избегната во последен момент!

Приватен авион со ѕвездата на Наполи, соиграч на нашиот Елиф Елмас, Дрис Мертенс, излета од пистата при слетувањето во Антверпен, а потоа се лизна на тревникот. За среќа, никој не е повреден.

Мертенс бил во авионот на Цесна со своето куче, пилот и еден неименуван патник. Сите поминаа неповредени. Сè се случи во саботата, покрената е истрага, а Белгиецот не сакаше да ја коментира ситуацијата.

Мертенс замина во Белгија со приватен авион на хрватската компанија „Јунг Скај“ со цел да се консултира со специјалист во татковината за повредата на скочниот зглоб пред околу еден и пол месец.

Според тамошните медиуми, врнел силен дожд и пилотот не успеал да го задржи авионот на пистата, па морал да биде извлечен со две технички возила.

Пред помалку од две недели, приватен авион со фудбалери се урна во Бразил, и сите загинаа во таа несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот