Трагедија во Бразил: Во пад на авион загинаа четворица фудбалери и претседател на клубот

Нова трагедија го потресе фудбалот откако играч на бразилскиот нисколигаш Палмас загинаа во пад на авион.

Во падот на авионот кој ги пренесуваше фудбалерите на овој клуб на натпревар што требаше да се игра в понеделник, загинаа четворица фудбалери, Лукас Пракседеш, Гијермо Ноа, Рануле и Маркус Молинари, претседателот на клубот Лукас Меира и пилотот.

Несреќата се случила веднаш по полетување кога засега од непознати причини авионот се срушил.

Веста за падот на авионот и смртта на патниците ја потврди и самиот клуб, а сочувство изразија сите бразилски екипи, меу кои беше и Вила Нора, против која фудбалерите на Палмас требаше да играат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vila Nova Futebol Clube (@vilanovafc)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот