ФОТО | Со еден потег Хајди Клум и нејзиниот сопруг ги поттикнаа гласините: Дали е бремена?
Манекенката Хајди Клум (50) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (33) биле уловени како уживаат во прошетката во Венеција, каде јавно си разменувале нежности. Но, тоа што Том постојано ја допирал за стомакот, привлекло најмногу внимание, пишува „Ти-ем-зи“.
Препорачано
На фотографиите се забележува дека двајцата нежно ги ставаат рацете на стомакот на манекенката, па со овој потег веднаш предизвикаа гласини дека Хајди всушност е бремена.

Додека се шетаа по улиците на Венеција, Том романтично се бакнуваше со Хајди, повеќепати ги стави рацете на нејзиниот стомак и со особено внимание гледаше во него. Исто така, нејзината рака неколку пати беше видена како нежно го допира и гали својот стомак.
Heidi Klum, Tom Kaulitz can’t keep their hands off her stomach on Venice vacay https://t.co/sUHYEy9wg8 pic.twitter.com/6b9aoQblTV
— Page Six (@PageSix) June 23, 2023
За прошетката, Хајди избра црна комбинација од тантела, со кафени сандали и со кафена голема чант. Таа носеше црн чадор од тантела, кој одлично ѝ одговараше на нејзиниот целосен изглед. Нејзиниот сопруг, носеше портокалова кошула со кратки ракави, панталони и кафени чевли.

Инаку, таа е мајка на четири деца, Лени (18), Хенри (17), Јохан (16) и Лу (13). Пред само неколку месеци во интервју изјави дека не ја исклучува можноста за уште деца.


