ФОТО | Синот на Нора Шаќири прослави роденден, Бени му упати емотивна порака
Арбен Бени Шаќири сподели специјална инстаграм-приказна како горд вујко на Ијан, синот на неговата сестра Нора Шаќири.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ијан наполни шест години, а Бени сподели преубава слика од него и напиша: „Среќен, среќен, секогаш среќен, Ијан“.

Неодамна, ретка семејна фотографија од Бени Шаќири и неговата сестра Нора Шаќири се појави на социјалните мрежи, а ја сподели нивната мајка, Изета Радончиќ-Шаќири.
На фотографијата, познатиот рокер и директор на Младинскиот културен центар е заедно со Нора, братот Денис и нивната мајка. Под објавата стои краток, но силен опис: „Мојата лична карта“.
Приватно, Бени е сопруг на Лиса Баута Шаќири и татко на два сина – Бен (12) и Мик (14). Помладиот син Бен минатата година учествуваше во шоуто „Албанија има талент“, каде што настапи со гитара. Неговата мајка објави видео од изведбата, велејќи дека „ја оставил душата на сцената“, додека Бени, со доза хумор, прокоментира: „На мајка му е цел“.
Во едно интервју за „Слободен печат“, познатиот музичар зборуваше за тоа каков татко е.
„Јас сум емотивец, затоа ќе бев добар и ако бев помлад. Плус, ќе бев помалку нервозен. Сега трката за егзистенција ме направи малку нервозен. Но, не можам да легнам навечер ако не ги бакнам децата. Или наутро да ги разбудам нежно, да не им правам стрес од будењето“, изјави Бени.


