ФОТО | Северина сакаше да пее во боите на Украина на настап во Брчко: Организаторите мораа да реагираат

Северина/инстаграм
Северина/инстаграм

Хрватската поп дива Северина пред два дена настапуваше во Брчко, Босна и Херцеговина, на 22 годишнината од градот. Пејачката ги сподели видеата на својот инстаграм-профил и се заблагодари на многубројната публика, пренесува „Index.hr“.

„Ова е прекрасниот Плоштад на Младите во Брчко, каде првпат пеев во понеделникот вечерта. Тоа беше голема љубов на прв поглед. Преполн плоштад, вашите раце во воздух и песните засекогаш ќе ми останат во срце. Беше ладно, но тоа не ја попречи забавата“ – напиша Северина во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина носеше тренерки на концертот, па нејзиниот изглед „им бодеше очи“ на некои, па ја критикуваа отворено дека таков стајлинг не приликува на една ѕвезда.

„Само Северина може да направи спектакл во тренерки“ „И мене кога не ми се оди некаде, облекувам тренерки“ „Можевте да ги испочитувате луѓето и да се појавевте пристојно облечени“ – пишуваат тие.

Но, што била работата, навистина?

Според босанските медиуми, Северина во Брчко стигнала во друг стајлинг, односно сакала да се појави на сцена во боите на украинското знаме, но во тоа била спречена од страна на еден политичар. Таа се фотографираше со својата екипа во стајлингот во сина и жолта боја, а притоа сакала да настапува во истите бои и вечерта.

Домаќинот од градот Брчко забележал што ќе следи, па побарал итно од организацијата да не се случи музичкиот изведувач да излезе на сцената во Брчко облечен во тие бои.

Северина се огласи на својот инстаграм профил, oпишувајќи ја ситуацијата до детал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Обединети бои на Европа: Конечно можам да потврдам дека некои од гласините за мене се точни. Така, признавам дека во Брчко настапував во тренерка во неутрална боја (и според некои, сум ја навредила публиката), а причината е баш тоа, да не ја навредам публиката со мојот стајлинг, според мислењето на локалниот политичар на дистриктот Брчко. Целиот бенд го облеков за настап во тренерки кои се во бојата на босанското и украинското знаме. Политичкиот врв толку се извади од памет, што заборави дека и нивното знаме е со истите бои како украинското. Па било или не било, заврши како што заврши – единствената тренерка што ја имав ми беше таа за по пат.
Дека сево ова е точно, потврдувам со фотографиите од шаторот каде се пресоблекувавме. Во секој случај, извинување до публиката. Слава на Украина, нам, на Босна и Херцеговина и сите добри луѓе во нив“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот