ФОТО: Северина позира гола меѓу подароци, на оригинален начин го прослави Денот на вљубените

Хрватската пејачка Северина Којиќ (48) позираше гола, а стратешките места ги покри со подароци за да може да ја објави фотографијата на Инстаграм.

– Тој прекрасен празник на љубовта, кој сите нас кога-тогаш нè „мачеше“, некои особено сега. Не можеме да одиме во ресторани и кафулиња, а од страв не одам ниту кај козметичарката, а и не сакам, го знаете тоа чувство…, напиша Северина покрај фотографијата.

За фотографијата Северина доби 15.000 допаѓања, но и бројни комплименти. Потоа, таа објави кратко видео на Инстастори со истиот кадар.

Нејзиниот сопруг Игор Којиќ, со месеци го нема на повидок, односно со Северина не се виделе долго време, поради што се шпекулира дека на нивниот брак му дошол крајот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

   Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот