ФОТО | Сем Смит се појави на црвениот тепих во мини здолниште и високи потпетици

Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Сем Смит беше меѓу многуте познати гости на Модните награди во Лондон.

На црвениот тепих во Лондон се појави во мини здолниште и огромни високи потпетици, а на британските модни Оскари му беше врачена награда за културен иноватор. Тоа издание беше вовед во вториот стајлинг, луксузна тоалета, која многу светски диви со задоволство би ја носеле.

Пејачот Сем Смит, кој предизвикува бројни контроверзии со своите настапи, на црвениот тепих облече комплет во класична црна боја и кратки чизми со висока потпетица на огромна платформа. Гламурозниот фустан беше неговиот втор моден избор за исклучително престижната церемонија на доделувањето на наградите.

Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Фото: Richard Young / Shutterstock Editorial / Profimedia

На доделувањето на модните награди во Лондон присуствуваа огромен број светски ѕвезди, од Кејт Мос, Ен Хатавеј, Џилијан Андерсон до Памела Андерсон.

Сем Смит беше мета на критики во последните месеци. Неговиот настап на 65-тото издание на нагардите Греми во февруари годинава, беше еден од најкритикуваните од оваа церемонија. Што беше толку контроверзно за тоа?

Сенаторот од Тексас, Тед Круз остро го критикуваше настапот откако Смит и Ким Петрас излегоа на сцената во Лос Анџелес за да го изведат својот сингл „Unholy“. Други критичари ја оценија изведбата со следниве зборови: „Ова видео ги погодува сите клучни точки, од Сем Смит и неговиот чуден став за културната соодветност, до обожавање на ѓаволот и минимизирање на религијата“.

Сем Смит, кој се идентификува како небинарна личност, и Ким Петрас влегоа во историјата на Греми победувајќи во категоријата најдобар поп дует како прв небинарен уметник и трансродова жена во историјата на настанот. Потпретседателот за комуникации и таленти на GLAAD, Ентони Ален Рамос истакна дека е исклучително важно Греми да ја поддржи ЛГБТ популацијата и квир културата.

ВИДЕО | Бизарен изглед: Сем Смит повторно предизвика лавина негативни коментари

Сем Смит проговори за целото искуство како родово-небинарна личност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот