ФОТО | Се огласи и кралицата Елизабета: „Тој беше моја сила и прибежиште, и јас и нашето семејство, но и оваа земја, му должиме многу“

Фото: Инстаграм

На официјалниот Инстаграм профил на британското кралско семејство денес е објавена порака по повод смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора.

Во него се цитира изјавата на кралицата од 1997 година на прославата на годишнината од нивниот брак.

„Тој едноставно беше моја сила и прибежиште сиве овие години, и јас, и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш би барал или што некогаш ќе дознаеме“, изјави кралицата во таа прилика, а денеска беше повторно објавено како порака на кралицата Елизабета по повод смртта на нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Покрај објавата на социјалните мрежи стои и заедничка фотографија од кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

Војводата од Единбург помина скоро седум децении со кралицата, а во соопштението се додава: „На крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, принцот Филип се заколна дека ќе биде „поданик и поддршка на нејзиното височество“.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина вчера на 99-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот