Сандра Булок / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

ФОТО | Сандра Булок објави ретка фотографија со децата што ги посвои во четириесеттите години

Сандра Булок по повод Денот на мајките сподели ретка фотографија со своите деца, кои ги посвои во четириесеттите години од животот.

61-годишната актерка на Инстаграм објави серија фотографии, меѓу кои и емотивна семејна фотографија со синот Луис (16) и ќерката Лејла (11), направена додека тие биле уште мали.

„На сите мајки, без разлика како сте станале мајки – среќен Ден на мајките. Сите нè поврзува таа животна чест“, напишала актерката во описот на објавата.

На фотографијата Сандра Булок гледа кон небото, додека децата седат во нејзиниот скут, облечени во костими за Ноќта на вештерките.

Фото: Инстаграм/Сандра Булок

Покрај оваа досега невидена семејна фотографија, актерката објави и фотографии со својата покојна мајка Хелга Мајер, како и стара фотографија од детството, на која нејзината мајка ги држи неа и сестра ѝ Гезине Булок-Прадо во снег.

„Мамо и Оми, ви благодарам што ме учевте. Ни недостигате. Простете ми што бев такво немирно дете“, напишала таа.

Набргу потоа, на Инстаграм стори објавила и фотографија со своите две кучиња, додавајќи: „Среќен Ден на мајките и на сите мајки на домашни миленици“.

Фото: Инстаграм/Сандра Булок
Фото: Инстаграм/Сандра Булок

Иако приватниот живот најчесто го држи далеку од јавноста, Булок и претходно зборуваше за посвојувањето и признала дека сè се случило во вистински момент.

„Не знам зошто токму тогаш беше вистинското време, но мило ми е што универзумот ме натера да почекам“, изјавила актерката во 2022 година во емисијата „Ред тејбл ток“.

Таа открила и дека пред да ја посвои Лејла имала страв од помислата да има ќерка.

„Мајка ми секогаш велеше: ‘Само почекај додека добиеш ќерка’. А помислата дека мојата ќерка би можела да биде слична на мене ме плашеше“, рекла актерката во интервју за списанието „Пипл“ во 2020 година.

Сандра Булок открила и дека непосредно пред смртта на нејзината мајка имале емотивен разговор покрај болничкиот кревет.

„Таа ми рече: ‘Немој да бидеш како мене’. Тогаш сфатив многу работи за нашиот однос. Не сакаше низ животот да одам затворена и исплашена од чувствата“, раскажала актерката.

За воспитувањето на својата ќерка се пошегувала: „Ако Лејла ми врати со иста мера, ќе знам дека тоа е дело на Хелга Б. и дека горе се смее од срце“.

Новиот филм на Сандра Булок, „Практична магија 2“ (Practical Magic 2), во кината ќе пристигне на 11 септември.

Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок, три години се бореше со АЛС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот