Рускиот топ модел Наталија Водијанова/Фото: JEAN-PIERRE MULLER / AFP / Profimedia

ФОТО | „Руската Пепелашка“ на 44 години очекува шесто дете, во брак е со еден од најбогатите луѓе на светот

Еден од најпрепознатливите топ модели во светот, руската убавица која некогаш ја нарекуваа „жива кукла“ поради нејзините експресивни сини очи, веќе некое време не шета по модните писти, а денес е честа гостинка на гламурозни настани. Во меѓувреме, Наталија Водианова роди пет деца, се омажи за човек чие богатство се мери во милијарди и стана филантроп, а сега од нејзиниот дом пристигна уште една убава и неверојатна вест – дека на 44 години е бремена по шести пат, веста ја сподели француското издание на магазинот „Вог“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)


Водианова позира на насловната страница на најновото издание на магазинот, облечена во син мини фустан кој го покажува нејзиниот труднички стомак, пренесе магазинот „Пипл“.

– Помеѓу две ревии, на почетокот на годината, Наталија Водианова ми се довери дека е бремена. Нејзиното шесто дете на 44 години. Веднаш знаев дека таа мора да биде нашата летна насловна ѕвезда – се наведува во текстот на инстаграм-профилот на француски „Вог“ покрај фотографијата од нивната насловна страница.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

Среќниот татко е Антоан Арно, син на основачот на конгломератот ЛВМХ и еден од најбогатите луѓе денес, Бернар Арно. Наталија и францускиот бизнисмен, инаку извршен директор на компанијата „Кристијан Диор“, се венчаа во Париз во 2020 година, среде пандемијата на коронавирусот што не им дозволи да приредат спектакуларна свадба како што планираа.

Францускиот бизнисмен Антоан Арно и неговата сопруга Наталија Водијанова пристигнуваат на Трокадеро пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз 2024/Фото: Christophe Petit Tesson, PA Images / Alamy / Profimedia

Нејзиниот најстар син Лукас Александар има 25 години. Го роди додека беше во брак со англискиот бизнисмен и милионер Џастин Портман, син на виконтот Едвард Портман, со кого подоцна доби уште две деца, ќерката Нева (20) и синот Виктор (18).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)


Иако убавата Русинка стана мајка на само 19 години, во времето кога, како глобална модна икона, важеше за еден од најбараните модели, родителството не ја загрози нејзината кариера, напротив.

По разводот од Џастин, таа го запозна Антоан, но не брзаше да се омажи. Сепак, тој беше упорен и успеа да ја врати нејзината доверба во таа институција, иако, пред официјалното судбоносно „да“, добија два сина, Максим, кој сега има 12 години, и 10-годишниот Роман. Наскоро повторно ќе станат родители.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)

Наталија ја нарекоа и „руска Пепелашка“, бидејќи, како што своевремено пишуваа странските медиуми, благодарение на убавината успела да се извлече од сиромаштијата во која живеела во Нижни Новгород со самокраната мајка и сестрата која имала аутизам.

Рускиот топ модел Наталија Водианова/Фото: JEAN-PIERRE MULLER / AFP / Profimedia

 

Додека поранешниот сопруг аристократ јавно тагуваше по неа, таа веќе била во врска со друг милионер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот