ФОТО+ВИДЕО | Роџер Вотерс под истрага на германската полиција: На концерт носел нацистичка униформа и го „злоупотребил“ името на Ана Франк

Фото: Принтскрин Јутјуб

Поранешниот басист на групата „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, против кого германската полиција отвори истрага за наводно носење костим како нацистичка униформа за време на неодамнешниот настап во Берлин, вели дека го напаѓаат затоа што сакаат да го оцрнат и замолчат, бидејќи не се согласуваат со неговите политички ставови и морални принципи.

„Елементите на мојот настап кои се доведени во прашање се многу јасен став кој се спротивставува на фашизмот, неправдата и нетрпеливоста во сите негови форми“, напиша тој на својот твитер-профил, пренесе Танјуг.

Обидите да се прикажат тие елементи како нешто друго се „неискрени и политички мотивирани“, истакнал Вотерс.

 


На концертот одржан на 17 мај во Арената „Мерцедес-Бенц“, Вотерс носел долга кожена јакна и црвена лента околу рацете на која биле два црни вкрстени чекани на бел круг.

Покрај тоа, тој вперил и лажен митралез во публиката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Día a Día Press (@diaadiapress)


Во Германија е забрането истакнување нацистички симболи, знамиња и униформи, но нивното истакнување е дозволено од уметнички и едукативни причини.

Вотерс е под истрага според посебен закон поради сомнение за „поттикнување“, соопшти полицијата.

„Се верува дека костимот што го носи Вотерс може да го наруши достоинството на жртвите, како и да го одобри, величи или оправда насилното и самоволно владеење на нацистичкиот режим на начин што го нарушува јавниот мир“, рекол портпаролот на полицијата.

Вотерс, исто така, може да се третира и дека извршил злоупотреба на заштитниот знак според непрофитната компанија УКЛФИ со седиште во Велика Британија, поради користење на името на Ана Франк за време на неговиот широко критикуван концерт, кој го користел без согласност на Фондацијата Ана Франк, која го заштити името, пишува „Ерусалем пост“.

Некои германски градови, вклучувајќи ги Минхен, Франкфурт и Келн, се обидоа да ги откажат концертите на Вотерс, откако еврејските групи, вклучително и Централниот совет на Евреите, го обвинија за антисемитизам.

 


Вотерс, инаку, е познат пропалестински активист кој поради тоа го обвинуваат дека има антиеврејски ставови.

Минатата година неговите концерти во Полска беа откажани, но причината беше друга, поточно поради неговите изјави за војната во Украина, кога ги обвини украинските „екстремистички националисти“ дека ја доведоа својата земја „на патот на војната“.

Во февруари оваа година Вотерс се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на покана на Русија.

Тој тогаш рече дека рускиот напад врз Украина е незаконски, но додаде дека верува оти бил испровоциран.

Вотерс најостро ги осуди можните провокатори без да наведе детали, но повика и на прекин на огнот.

Тогаш тој го обвини и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека не ги исполнил ветувањата во предизборната кампања за воспоставување мир во регионот на Донбас.

Русија бара од Роџер Вотерс пред СБ на ОН да зборува против западното оружје во Украина

Откажани концертите на Роџер Вотерс во Полска: Причината е мојот став за војната во Украина

 

Украина го оцени Роџер Вотерс како „уште една тула во ѕидот“ на руската пропаганда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот