Русија бара од Роџер Вотерс пред СБ на ОН да зборува против западното оружје во Украина

владимир путин
Роџер Вотерс / Владимир Путин / Фото: EPA-EFE

Русија побара од ко-основачот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, да зборува пред Советот за безбедност на ОН на денешниот состанок на кој Москва побара да разговара за испорака на оружје во Украина, пренесува „Ројтерс“.

„Руската дипломатија порано беше сериозна. Кој е следен? Мистер Бин?“ рече дипломат на Советот за безбедност на ОН за британската агенција, кој сакал да остане анонимен.

Вотерс беше критикуван од поддржувачите на Украина кога објави отворено писмо на својата веб-страница во септември до украинската прва дама Олена Зеленска. Тој исто така не се согласува со западното снабдување со оружје на Киев.

15-члениот Совет за безбедност се состана десетици пати откако Русија ја нападна соседна Украина на 24 февруари минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот