Украина го оцени Роџер Вотерс како „уште една тула во ѕидот“ на руската пропаганда

Роџер Вотерс пред СБ на ОН/ Фото: Ed JONES / AFP / Profimedia

Ко-основачот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, ја прифати поканата на Русија и се обрати пред Советот за безбедност на ОН, каде повика на итен прекин на огнот во Украина. Но, тој беше осуден од украинскиот амбасадор како „само уште една тула во ѕидот“ (една од најпознатите песни на Пинк Флојд) на пропагандата на Москва, пренесува „Гардијан“.

Вотерс зборуваше преку видео врска, облечен во светло-кафеава јакна, појавувајќи се на екранот над претставниците на 15-те нации во Советот, свикан во средата за да разговараат за ситуацијата во Украина.

79-годишниот ко-основач на Пинк Флојд беше поканет да зборува од руската делегација, но тврдеше дека претставува „4 милијарди браќа и сестри ширум светот“.

Вотерс поседува имот од 62 милиони долари на Лонг Ајленд на околу 150 километри од седиштето на ОН, но во средата тој зборуваше од Швајцарија, под таванот со дрвени греди, а низ прозорецот зад него се гледаат планини покриени со снег.

Поканата на руската делегација уследи по интервјуто што Вотерс го даде за „Берлинер цајтунг“, во кое даде многу пофални зборови за Владимир Путин, за кој рече, според преводот на нивната веб-страница, „владее внимателно, донесувајќи одлуки врз основа на консензус во владата на Руската Федерација“.

Во интервјуто на 4 февруари, Вотерс ги сметаше западните сојузници и Украина во голема мера одговорни за руската инвазија. Сепак, Вотерс не се држеше до истата линија во неговите забелешки на Советот за безбедност, обвинувајќи ги и Русија и Западот за војната.

„Инвазијата на Украина од страна на Руската Федерација беше нелегална. Најостро го осудувам тоа“, рече тој. „Исто така, руската инвазија на Украина не беше неиспровоцирана, затоа и јас најостро ги осудувам провокаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот