ФОТО | Ристовски со порака до Роналдо и Португалија: „Се гледаме во финале“!?

Во пријателски натпревари еднаш загубивме, а еднаш одигравме без голови/Фото: EPA/PAULO NOVAIS

Македонската А репрезентација за првпат во својата историја ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство, во овој случај Мундијалот во Катар 2022.

Преку жрепка се одреди дека во полуфиналето на гостински терен играчите предводени од селекторот Благоја Милевски ќе играат против актуелниот европски шампион Италија.

Доколку триумфираме на тој меч во големото финале ќе играме со подобриот од пресметката Португалија – Турција.

Цела земја, сите навивачи на најдобрата македонска репрезентација посакува да се најде на уште едно големо натпреварување.

Стефан Ристовски предвидува финале против Португалците за пласман на Мундијалот 2022/Фото: instagram.com/stories/stefan_ristovski_

На тоа се надева и верува и еден од нашите искусни одбранбени играчи, членот на Динамо Загреб, Стефан Ристовски кој испрати порака до Португалија и нивната најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо.

– Се гледаме во финале!? – објави Ристовски на Инстаграм.

Ристовски веќе знае како е да се игра против еден од најдобрите играчи на светот, во минатото против Португалија во два пријателски натпревари одигравме нерешено (0:0) и еднаш загубивме (0:1).

Матеус ги предупредува „азурите“: Не ги отпишувајте Македонците, тие ја победија и Германија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот