ФОТО: Прв чекор кон пласман на ЕП, победнички старт на одбојкарите

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. На стартот од квлаификацискиот турнир кој се игра во арената „Борис Трајковски“, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ја совладаа селекцијата на БиХ со 3:1 во сетови и тоа 27:25,25:21,23:25,25:19.

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Првиот сет започна со израмнета игра, односно се играше поен за поен се до 6:6 по што одбојкарите на БиХ направија серија од 3:0 со која поведоа со 6:9, а потоа и со 8:12 по што селекторот Матијашевиќ мораше да земе тајм-аут.

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Но играта на нашите одбојкари не се поправи, туку противникот направи нова серија од 0:3 за најголемо водство од 8:15. Тогаш како да се разбудија нашите одбојкари, прво направија серија од 4:0 и подоцна и намалија на минус еден (18:19).

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Босанците одговорија со три поени по ред благодарение на одличниот блок, потоа и поведоа со 22:24 по сервис грешката на Љавтов кој наш најдобар одбојкар во првиот сет.
Милев освои поен за 23:24, а по грешката на противникот одбојкарите израмни на 24:24 за со одличниот сервис на Ѓорѓи Ѓоргиев и потоа на блокот на Никола Ѓоргиев, Македонија го освои сетот со 27:25.

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Во вториот сет, македонските репрезентативци продолжија каде што застанаа во првиот и за прв пат дојдоа до три поени предност (10:7). Потоа предноста се зголеми на пет поени (16:11) по што одбојкарите рутински ја одработија задачата и го освоија вториот сет со 25:21.

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Третиот сет и припадна на репрезентацијата на БиХ беше подобра во завршницата и го реши сетот во своја корист со 22:25.

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Во четвртиот сет, одбојкарите не ја повторија грешката од претходниот, реализацијата во нападот функционираше одлично, а проработи и блокот и на крајот дојдоа до триомф од 25:19.

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најдобар во нашата селекција со 25 поени, додека Владо Милев имаше 14 поени.

Следниот натпревар за Македонија ќе биде в среда против селекцијата на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот