ФОТО | Прстенот за кој зборува целиот свет: Зендаја ги подгреа сомневањата дека веќе е госпоѓа Холанд
Актерката Зендаја предизвика нови гласини за својот приватен живот откако, во еден момент на доделувањето на наградите „The Essence Black Women In Hollywood“ во Лас Вегас, изгледаше како да потврди дека веќе е мажена за Том Холанд. Зендаја беше на настанот, каде водителката на вечерта Марсаи Мартин на шега ја стави во малку незгодна ситуација пред публиката. Мартин рече дека Зендаја многу внимателно го чува својот приватен живот и ја замоли „само да климне со глава или да даде некаков знак“ ако треба да ѝ испратат свадбен подарок, очигледно алудирајќи на гласините дека таа и Холанд тајно се венчале.
Препорачано
Зендаја на тоа реагираше со насмевка, ги крена рацете кон лицето и го покажа прстенот на раката, кој изгледаше како едноставен златен венчален прстен. Публиката веднаш почна да аплаудира. Таа се смееше, а Мартин продолжи со шегата и рече дека ќе им испрати пешкири со монограм „Т и З засекогаш“ како свадбен подарок.
Tom Holland is the luckiest man alive to have Zendaya as his WIFE 💍 pic.twitter.com/GmDVsRlBav
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) March 12, 2026
Според извори што ги пренесува магазинот „Пипл“, Зендаја на настанот дури добивала и честитки од други гости.
Според претходни извештаи, парот наводно се свршил за време на празниците на крајот од 2024 година. Нејзиниот стилист Ло Роуч дополнително ги разгоре гласините кога на црвениот тепих изјави дека свадбата веќе се случила.
„Свадбата веќе се случи. Ја пропуштивте“, рекол Роуч во интервју за „Аксес Холивуд“.
“MRS HOLLAND” + “THAT’S A WIFE” AND HER REACTION I FELL TO THE FLOOR pic.twitter.com/3MG4zNKbYc
— francesca ✶࿐ (@hollandayalali) March 12, 2026
Сомнежите уште повеќе се зголемија минатиот месец кога Зендаја беше видена со едноставен златен прстен на левата рака, наместо претходно видениот дијамантски свршенички прстен од пет карати. Фотографиите се направени на 20 февруари во Беверли Хилс, додека била во друштво на филмскиот продуцент Џош Либерман.
Оттогаш актерката неколку пати беше видена со истиот прстен, вклучително и на ревија на брендот Луј Витон за време на Париската модна недела, како и на фотографирање со колегата од филмот, Роберт Патинсон.
Дополнителни шпекулации предизвика и актерката Лиза Колон-Зајас, која на социјалните мрежи сподели објава за наводниот брак на парот со емотикон срце и ги означи Зендаја и Холанд.


