ФОТО | Принцот Вилијам „уловен“ во геј ресторан во Полска

Принцот Вилијам ги изненади гостите на еден геј ресторан во Варшава, Полска со неговата посета, при што седнал меѓу нив и нарачал оброк од менито.
Посетителите на ресторанот „Buetero Bistro“, кој е опишан како „квир простор“, биле изненадени кога го виделе британскиот престолонаследник како ужива во вечера која чини помалку од 10 евра.
Еден од гостите го фотографирал 40-годишниот принц додека седел на својата маса, облечен во лежерно издание, во кошула без вратоврска.
Извор за „Дејли мејл“ открил дека „тим од Кензингтонската палата резервирал локален ресторан во близина на местото каде што работеле, а принцот Вилијам одлучил да дојде со нив“.
„Тоа беше одлична ноќ. Тимот навистина беше почестен бидејќи принцот им се придружи“, споделил изворот за британскиот таблоид.

Сопственикот на ресторанот открил дека принцот Вилијам нарачал сендвич со свинско месо и дека бил задоволен од храната.
Патем, принцот е во посета на Полска за да ја изрази својата поддршка на земјата бидејќи им помагаше на бегалците раселени од војната во Украина.
За време на неговото официјално патување, тој се сретна и со британските и полските војници на украинско-полската граница и им упати пофалби.
Повеќе вести за принцот Вилијам:
Принцот Вилијам ненадејно ги посети британските војници во Полска, со него е и принцезата Кејт