„Ја исплука Меган, па ме нападна и ме собори на земја“: Хари откри шокантни детали од кавгата со Вилијам

Profimedia
Фото: АФП/Профимедиа

Принцот Хари и Меган Маркл не престануваат да ја шокираат јавноста со исповедите од животот на британското кралско семејство, кое го напуштија во 2020 година. По документарниот филм „Хари и Меган“, кој изненади многумина, сега помладиот син на кралот Чарлс Трети во својата автобиографија објави дека неговиот брат, принцот Вилијам, физички го нападнал!

Принцот Хари веќе извесно време зборува за излегувањето на неговата нова книга „Spare“ (Резерва), кое е закажано за 10 јануари. Тој гостуваше во неколку интервјуа каде откри детали од книгата, а сега се дозна најновиот детаљ.

Во долгоочекуваната книга Хари ќе зборува за физичкиот напад на принцот Вилијам. Причина за нападот, според Хари, била неговата сопруга Меган Маркл.

Фото: Профимедиа

Хари ја опишува кавгата од 2019 година во неговиот дом во Лондон, кога Вилијам ја нарекол Меган Маркл „тешка“, „безобразна“ и „абразивна“. Хари потоа му рекол на Вилијам дека ги повторува приказните од медиумите, што го налутило неговиот брат.

Тогаш конфликтот ескалирал, а Вилијам го фатил Хари за јаката, му го скинал ѓерданот и го фрлил на подот. Нападот на Вилијам оставил видливи последици на грбот на Хари.

„Ме зграпчи за јаката, ми го скина ѓерданот и ме фрли на земја. Паднав врз садот за вода на нашето куче, кој се скрши. Ми останаа видливи повреди, модринки и исеченици од парчето од садот, на мојот грб. Лежев на подот зашеметен, а потоа станав и му реков да излезе надвор“, напишал принцот Хари.

„Вилијам ми одговори – ајде, возврати ми го ударот. Така се каравме кога бевме деца. Одбив и тој замина, се врати малку подоцна и се извини. Се сврте на излезот и ми рече дека Меган не мора да знае за инцидентот. Прашав, дали мислиш на нападот? Тој ми одговори дека не ме нападнал“, напиша тој.

Принцот Хари понатаму пишува дека првично не ја информирал Меган за нападот, туку прво се јавил кај својата терапевтка. Меган дознала за тепачката дури кога ги забележала повредите на неговиот грб.

Кралот Чарлс Трети и неговите синови - принцот Вилијам и принцот Хари
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Извадоците од книгата ги објави британски „Гардијан“, а „Дејли мејл“ пишува дека е голема мистерија како новинарите успеале да дојдат до копија од автобиографијата на принцот Хари, бидејќи издавачот „Пингвин хаус“ преземал многу мерки за ниту еден збор да не „протече“.

Книгата „Резерва“ на принцот Хари излегува на почетокот на следната недела, а веќе е на листата на бестселери во претпродажба на „Амазон“.

Profimedia
Принцезата Дијана со Хари и Вилијам / Фото: Профимедиа

Принцот Хари направи две интервјуа во изминатите неколку дена, едното од нив беше со Том Бредби, поранешен кралски дописник кој во моментот работи за ИТВ, а другото со Андерсон Купер на „Си-би-ес њуз 60“. Двете интервјуа ќе бидат објавени в недела, а познато е за што тогаш ќе зборува Хари. Во разговорот со Купер, Хари ќе раскаже дека бил „изневерен“ со „протекувањето информации и подметнувањето приказни“ против него и неговата сопруга. Во интервјуто со Бредби, Хари ќе зборува за семејните односи и непознатите детали за смртта на принцезата Дијана.

Принцовите Вилијам и Хари одвоено ќе ја одбележат годишнината од смртта на нивната мајка

ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот