Принцовите Вилијам и Хари одвоено ќе ја одбележат годишнината од смртта на нивната мајка

принцеза дијана
Принцеза Дијана и принцовите Хари и Вилијам / Фото: Profimedia/EPA-EFE

Принцовите Вилијам и Хари во денеска приватно, но и одвоено ќе ја одбележат 25-годишнината од смртта на нивната мајка, принцезата Дијана, бидејќи на несогласувањата меѓу браќата не им се гледа крај.

Лејди Дијана Спенсер, чиј навидум бајковит брак со принцот Чарлс го плени светот приказната не заврши со развод, почина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година.

принц вилијам принцеза дијана
Фото: Профимедиа

Пред пет години, нејзините синови присуствуваа на серија јавни комеморации и јавно зборуваа за трајните последици врз нивните животи кои ги оставила смртта на нивната мајка. Но, оваа година браќата нема да учествуваат на ниту една официјална комеморација, туку годишнината ќе ја одбележат приватно со своите семејства.

40-годишниот Вилијам неодамна објави дека се сели од Лондон со сопругата Кејт Мидлтон и нивните три деца на имотот Виндзор западно од Лондон, а 37-годишниот Хари сега живее во Калифорнија со сопругата Меган и нивните две деца, откако парот си замина од кралското семејство на почетокот на 2020 година.

Портпаролите на двата кралски парови потврдија дека семејствата ќе го поминат денот приватно одбележувајќи ја годишнината од смртта на Дијана.

epa-efe
Принцовите Вилијам и Хари / Фото: EPA-EFE/LIONEL HAHN /

Принцезата на народот

Принцезата Дијана до ден денес е сакана од целиот свет бидејќи го скрши конвенционалниот и воздржан начин на живот на кралското семејство. Британската монархија со векови е позната по својот специфичен начин на живот полн со протоколи. Дијана беше и остана една од омилените членови на британското кралско семејство, која според многумина е одговорна за тоа што потомците на кралицата Елизабета и целото нејзино семејство успеале малку да се опуштат во јавноста.

Џо Литл, главниот уредник на магазинот „Majesty“, смета дека Дијана имала силно влијание врз нејзините синови, обидувајќи се да бидат помалку формални во односот со луѓето, иако кралската традиција го налага тоа. Тоа го поткрепува и фактот што нејзиниот постар син Вилијам срдечно ги прегрна англиските фудбалери по нивната победа на Европското Првенство во 2022 година што се одржа претходно во август.

Фото: Профимедиа

За време на нејзиниот живот, Дијана беше посветена на добротворна работа, особено кога станува збор за деминирање, и беше многу ангажирана да се сменат ставовите кон пациентите со ХИВ и СИДА. Омилената принцеза и денес важи за модна икона, а познато е и дека често ги кршеше протоколите кои бараа таа постојано да биде облечена во елегантни комбинации.

Потврда за трајната фасцинација од кралското семејство, особено од Дијана, е фактот што минатиот викенд на аукција беше продаден спортскиот „Ford Escort“, автомобилот кој беше во нејзина сопственост.

Profimedia
Принцезата Дијана со Хари и Вилијам / Фото: Profimedia

Раздор меѓу принцовите

Прицовите Вилијам и Хари имаа само 15 и 12 години кога нивната мајка Дијана почина. Сите се сеќаваат на двете момчиња кои со наведнати глави одеа зад ковчегот на својата мајка.

Минатата година, браќата ја открија нејзината статуа во палатата Кенсингтон на денот кога покојната принцеза ќе наполнеше 60 години.

принц хари, принц вилијам
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Но, заладените односи меѓу принцовите, за кои упатените тврдат дека несогласувањата започнале недолго откако Хари почнал да излегува со неговата сегашна сопруга Меган Маркл, едвај беше сокриен. Во меѓувреме, односите меѓу браќата се влошиле, а раздорот се продлабочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот