„Никогаш не му бев кум на Вилијам“: Принцот Хари откри уште една голема лага на кралското семејството

Фото: EPA/ANTHONY DEVLIN

Принцот Хари во својата нова биографија „Spare“ (Резерва) тврди дека никогаш не бил кум на свадбата на неговиот брат принцот Вилијам во 2011 година и дека тоа било медиумски трик.

Фото: EPA/KIRSTY WIGGLESWORTH

Според официјалната верзија, принцот Хари бил кум на венчавката на неговиот брат и тој ден дури со тогашниот принц Чарлс и Вилијам возел до Вестминстерската опатија во Бентли. Но, Хари сега тврди дека сето тоа било дело и дека двајца од најдобрите пријатели на принцот Вилијам, Џејмс Мид и Томас Ван Штраубенц, го одржале традиционалниот говор на приемот и дека тој ја поддржал „безболната лага“ на неговиот брат.

Фото: EPA/PETER KNEFFEL

Хари пишува и за тоа како принцот Вилијам се сретнал и ги поздравувал луѓето собрани на улицата пред Бакингемската палата додека бил „пијан од синоќешниот рум“ само неколку часа пред неговата венчавка со Кејт Мидлтон.

Повеќе на темата:

Принцот Хари за децата на брат му: Барем едно од нив ќе биде резерва како мене

„Тепачка“ за мемоарите на Хари: Францускиот издавач на книгата мораше да отпечати уште 130.000 примероци

Принцот Хари вели дека во книгата ги поштедил неговите татко и брат бидејќи „никогаш не би му простиле“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот