ВИДЕО: Принцот Вилијам ненадејно ги посети британските војници во Полска, со него е и принцезата Кејт

Фото: EPA/EFE

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, денеска дојдоа во ненадејна посета на Полска, односно на британските војници стационирани во таа земја, јавија локалните медиуми.

Авионот со членовите на британската кралска куќа слета на аеродромот Ржешов-Јасионка. Се очекува Вилијам и Кејт да ги посетат војниците стационирани во градот Жешов во провинцијата Поткараптје, како и да го посетат медицинскиот центар во селото Јасионка каде се лекуваат војниците ранети во операциите во Украина.

„Тука сум затоа што сакам лично да им се заблагодарам на полските и британските војници кои дејствуваат во блиско и клучно партнерство. Исто така, сакам да оддадам почит на инспиративната хуманост на полскиот народ. Ги отворивте срцата колку и домовите“, изјави Вилијам за полските медиуми, пренесе „Н1“.

Кралската двојка требаше да отпатува во Варшава за да го посети колективниот центар во кој се сместени околу 300 Украинки и деца кои избегале од војната. Утре, принцот и принцезата ќе положат венец на гробот на незнајниот војник во полската престолнина, каде што неговите покојни баба и дедо, кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип, исто така, положија венец за време на нивната државничка посета во 1996 година.

Предвидена е и средба на принцот Вилијам со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот