Диле и Коки - Фото: Инстаграм/КокиЈанков/Фејсбук

ФОТО | Приказна што не бледнее – 30 години подоцна Коки се потсети на најзначајните моменти со Дуле

Постојат песни што времето не ги брише и пријателства што вечно живеат во нотите. Коки Јанков, едната половина од култното дуото „Дуле и Коки“, на својот инстаграм-профил ги потсети следбениците на „златните времиња“ споделувајќи фотографии кои се вистинско богатство на македонската музичка историја.

На едната фотографија, тие се млади, полни со ентузијазам во студиото на Валентино Скендеровски, додека ја создаваат безвременската „Виолина и гитара“. На втората  фотографија се овековечени нивните реакции откако дознаа дека се победници на „Макфест“.

Дуле и Коки во студио на Скендеровски – Фото: Инстаграм/КокиЈанков

„Ако е нешто легендарно, тогаш првата слика е од снимањето на Виолина и гитара, кај Валентино Скендеровски во неговото студио. Втората слика е пет минути откако ни кажаа дека сме победиле на „Макфест“ (истата година). Сеќавања. Се гледаме на 14 ноември во Македонската филхармонија, после 30 години од фотографиите“.

Дуле и Коки по соопштување на победата на Макфест – Фото: Инстаграм/КокиЈанков

На 23 септември оваа година се навршуваат 13 години откако на само 39 години македонската сцена го загуби прекрасниот глас и боемската душа на Душан Љубисављевиќ – Дуле. Иако тој физички не е тука, неговиот дух живее преку секој допир на виолината на Коки.

Токму затоа, претстојниот концерт на 14 ноември во Македонската филхармонија нема да биде само обичен настап. Тоа ќе биде патување низ времето, навраќање на тие „златни денови“ и достоинствено одбележување на три децении од моментот кога „Виолина и гитара“ ги освои нашите срца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот