ФОТО: Претставен пехарот и дресовите со кои ќе игра Македонија на Европското одбојкарско првенство

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Уште 14 дена остануваат до почетокот на Европското првенство во одбојка во машка сениорска конкуренција кое ќе се организира во четири земји: Македонија, Израел, Италија и Бугарија.

Нашата најдобра репрезентација својата група „Ц“ ќе ја игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ против Чешка, Данска, Црна Гора, Холандија и Полска. Федерацијата ги повикува навивачите да бидат дел од настанот со највисок ранг во нашата спортска историја. Навивајте за Македонија, повеќе информации околу билетите ТУКА

фото: Одбојкарска федерација на Македонија
фото: Агенција за млади и спорт

Првиот натпревар на ЕП избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе го играат на 30 август против Данска. Покрај редовните тренинзи, нашите најдобри одбојкари ја темпираат формата пред ЕП и со одигрување на контролни мечеви.

Воедно Одбојкарската федерација на Македонија објави дека МРТ повторно е со македонските одбојкари. Европското првенство 2023 ќе оди на програмата на јавниот сервис во периодот од 28 август до 16 септември.

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Како дел од подготовките, македонската репрезентација ја очекува настап на 47 издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Влезот за турнирот „Чајка“ ќе биде слободен за сите љубители на одбојката и спортот:

Петок (18 август)
17.30 Грција – Египет
20.15 МАКЕДОНИЈА – Јапонија

Сабота (19 август)
17.30 Јапонија – Грција
20.15 МАКЕДОНИЈА – Египет

Недела (20 август)
17.30 Египет – Јапонија
20.15 МАКЕДОНИЈА – Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот