ФОТО | Последна фотографија на Бети Вајт пред смртта

Бети Вајт/Фото: Профимедиа/Инстаграм/EPA_JOSHUA GATES WEISBERG

Кирстен Микелас, асистентката на починатата „златна“ глумица на Холивуд, Бети Вајт, објави на Фесјбук профилот досега необјавена фотографија од актерката.

Таа во прилог на фотографијата запиша:

„Поздрав до сите. Овде Кирстен, асистентката на Бети. На овој посебен ден сакав да ви ја споделам оваа фотографија од Бети, направена на 20 декември, 2021 година. Верувам дека ова е една од нејзините последни фотографии“

Таа ја сподели фотографијата вчера, на денот кога Бети ќе го прославеше својот 100 роденден.

„Беше блескава, убава и среќна како и секогаш. Ви благодарам на сите кои денес, но и секој ден правите убави нешта за да го направите светот подобро место“ – пишува во продолжение на фотографијата.

Глумицата и комичарка Бети Вајт почина на 31 декември, неполни три недели пред својот стоти роденден. Медиумите пренесоа дека починала од мозочен удар, кој го доживеала шест дена пред смртта. Изворите блиски до глумицата велат дека таа била присебна и по мозочниот удар и дека починала мирно во сон.

Бети Вајт се подготвува да го прослави својот 100-ти роденден на легендарен начин – и сите сме поканети!

ФОТО | Откриена причината за смртта на Бети Вајт: И Бајден се прости со трогателна порака од славната актерка

Го славиме 100-тиот роденден на Бети Вајт – заедно со Гугл и хаштагот #BettyWhiteChallenge

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот