ФОТО | Откриена причината за смртта на Бети Вајт: И Бајден се прости со трогателна порака од славната актерка

Бети Вајт/Фото: Профимедиа/Инстаграм/EPA_JOSHUA GATES WEISBERG

Цел свет го потресе смртта на познатата актерка и комичарка Бети Вајт, која почина 18 дена пред својот 100-ти роденден.

Почина легендарната актерка Бети Вајт на само денови пред нејзиниот 100-ти роденден

Сега се откриени нови детали за нејзината смрт. Полицијата во Лос Анџелес за магазинот „ЈуЕс викли“ изјавила дека отишле во домот на актерката во петокот, во 9:37 часот по локално време.

„Се чини дека е природна смрт без докази за насилство од каков било вид“, изјавила полицијата за „ЈуЕс викли“.

Агентот и близок пријател на Бети, Џеф Витјас, преку соопштение ја потврди веста за нејзината смрт.

– Иако Бети се приближуваше до стотката, мислев дека ќе живее вечно. Ужасно ќе ми недостасува, како и на животинскиот свет кој го обожаваше. Бети не се плашеше од смртта затоа што сакаше да биде со својот најмил сопруг Ален Луден. Таа веруваше дека повторно ќе биде со него – изјавил тој за магазинот „Пипл“. Инаку, таа се омажила за Луден во 1963 година, а тој почина во 1981 година. Бети зборувала дека тој е нејзината најголема љубов.

Бети зад себе остави неверојатно наследство како актерка, комичарка, авторка и активистка за правата на животните. Нејзината смрт шокираше многу обожаватели и колеги кои се простија и ѝ оддадоа почит на холивудската икона.

Популарната водителка Елен Деџенерис објави трогателна порака на Твитер по повод смртта на актерката.

„Каков исклучителен живот. Благодарна сум за секоја секунда што ја помив со Бети Вајт. Ја испраќам сета моја љубов до нејзиното семејство, пријателите и до сите вам“, напишала Елен.

Трогателна порака до славната Бети испрати и американскиот претседател Џо Бајден.

„Бети Вајт им донесе насмевка на генерации Американци. Таа е културна икона која многу ќе ни недостига. Џил и јас мислиме на нејзиното семејство и на сите оние кои ја сакаа оваа новогодишна ноќ“, напишал американскиот претседател.

 

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс ја разнежни публиката со трогателна објава на Твитер.

„Светот сега изгледа поинаку. Таа многу добро им пркосеше на очекувањата. Успеа да остари многу и некако, недоволно. Ќе ни недостигаш, Бети. Сега ја знаете тајната“, напишал тој.

Пејачката Шер со неколку твитови ја сподели тагата за легендарната актерка.

„Ја гледав во нејзиното прво ТВ-шоу „Живот со Елизабет“ кога имав седум години“напишала Шер и додала:
„Некои луѓе се нарекуваат ИКОНИ, Бети е вистинска икона.

Минатата недела, таа ги покани сите на нејзиниот 100-ти роденден, кој требаше да се одржи на 17 јануари 2022 година, со прикажување на документарен филм наречен „Бети Вајт: 100 години млада – роденденска прослава“.

Бети Вајт се подготвува да го прослави својот 100-ти роденден на легендарен начин – и сите сме поканети!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот