Почина легендарната актерка Бети Вајт на само денови пред нејзиниот 100-ти роденден

бети вајт
Фото: EPA/PAUL BUCK

Холивуд загуби една од великаните. Бети Вајт, почина на 99-годишна возраст, само 17 дена пред да требаше да го прослави својот 100-ти роденден. Еве што знаеме.

Денес, пријателите, семејството и обожавателите на Бети Вајт тагуваат за смртта на актерката, која за жал почина утрово, според „TMZ“. Пријавената смрт на Бети доаѓа неколку недели пред таа да наполни 100 години (17 јануари), а смртта ги потресе оние кои се надеваа дека ѕвездата од „Golden Girls“ ќе стигне до таа златна пресвртница.

бети вајт
Фото: EPA/JOSHUA GATES WEISBERG

Детали за смртта на Бети се’ уште не се достапни, освен информацијата дека почината дома, но и покрај нејзината старост веста доаѓа неочекувано како што актерката неодамна се обрати на фановите и ги раскажа своите претстојни планови.

Минатата недела легендарната актерка разговараше со магазинот „People“ за овонеделното издание на прославата на нејзиниот роденден и рече дека е „со толку добро здравје“.

„Се обидувам да избегнам се’ што е ж зелено. Мислам дека функционира“, откри таа како тајна за нејзиното добро здравје.

бети вајт
Фото: EPA/JUSTIN LANE

Во исчекување на 100-тиот роденден на актерката која со децении е симбол за грациозно старост, за одбележувањето се припремаше документарец како забава, на која пред само пар денови таа лично ги покани сите свои фанови да се придружат за да прослават.

бети вајт
Фото: Принтскрин / Instagram

Бети Мерион Вајт Ладен е родена на 17 јануари 1922 година, ја имаше најдолгата телевизиска кариера на женски забавувач во историјата, и таа беше и првата жена што продуцираше ситком. Честопати нарекувана „пионер“ во забавната индустрија, Вајт беше легендарна актерка и комичарка.

Со кариера која траеше повеќе од 75 години, Вајт има заработено осум Еми награди, три американски награди за комедија, три награди на Здружението на актерите на екранот, а листата продолжува. Вајт имаше и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, која и беше доделена во 1988 година.

Иако нејзината кариера трае повеќе од седум децении, Вајт е најпозната по нејзината улога на Роуз Ниланд во хит ситкомот, „Golden Girls“и нејзината улога како Сју Ен Нивенс во шоуто на Мери Тајлер Мур. Сепак, нејзината последна улога во серија беше во „Hot In Cleveland“.

бети вајт
Фото: EPA/NINA PROMMER

Бети се појави и на „Crowded“ на „NBC“ и „Bones„ на „Fox“. Таа дури и беше домаќин на „Saturday Night Live“ во 2010 година. Освен нејзината професионална работа, Бети поголемиот дел од своето време го помина посветена на застапувањето на животните. Таа е препознаена по нејзината блиска врска со зоолошката градина во Лос Анџелес.

Назад во јануари 2017 година, Бети седна со Кејти Курик, веднаш по нејзиниот 95-ти роденден, за да разговараат за животни совети. „Сериозно не можам да верувам. Постојано мислам: „Бети, имаш 95 години“, рече таа. „Толку сум благословена со добро здравје, имам спомени и сето тоа; не можете да го очекувате тоа на 95 години. Јас сум најсреќната старица на две нозе“. Бети откри и дека се концентрирала на тоа да биде зафатена, додека ужива и се препушта на работи за кои ја интересира.

 бети вајт
Фото: EPA/PAUL BUCK *** Local Caption *** 00000402306984

За време на нејзиниот живот, Бети се омажила три пати – за пилотот на американскиот армиски корпус Дик Баркер [1945]; Холивудскиот агент Лејн Ален [1947-1949]; а потоа Бети се омажила и по трет и последен пат во 1963 година со телевизискиот водител Ален Ладен. Двојката беше во среќен брак до смртта на Ладен од рак на желудникот во 1981 година. Таа никогаш не се премажи по неговата смрт. Бети зад себе ги остави трите посиноци, кои се од првиот брак на Луден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот