7 C
Скопје

ФОТО: Поранешна зависничка која се предозирала 19 пати воодушеви многумина со фотографиите од својата трансформација

Поранешната зависничка која се предозирала 19 пати и започнала да користи хероин на своја 15 годишна возраст откри како успеала да ја победи зависноста, а фотографиите од нејзината трансформација воодушевија многумина.

Американката Медисон Мек Манус нејзиното тогашно момче уште како тинејџерка ја вовело во светот на дрогата, а некое време таа живеела на улица пред да успее да се оттргне од лошиот порок. Сега се бори за добивање на старателството над својата деветгодишна ќерка откако со неа забременила на 18 години, пренесува Дејли Мејл.

Таа била принудена да се откаже од ќеркичката поради зависноста која ја довела до проблеми со законот. Нејзиното семејство сега се вратило во нејзиниот живот, откако таа била бездомничка од својата 20-та година. Неодамна таа откри дека ја победила зависноста со помош на групата составена од анонимни алохоличари.

Прочитајте и...  Роберто Кавали по вакцинацијата: Колку повеќе сме вакцинирани, толку сме побезбедни за себе и за оние што не сакаат

Сега таа сака да ја раскаже својата приказна и да им помогне на луѓето да увидат дека „постои решение за оваа болест“, пренесува „The Sun“.

„Живеев живот полн со мизерија и се молев секој пат повеќе да не се разбудам. Долго мислев дека нема да излезам од таму“, изјави Медисон.

„Кога ми беше веќе доста, пронајдов нов начин на живот. Можно е, постои помош. Зграбете ја и не ја пуштајте“.

Медисон изјави дека првпат на одвикнување тргнала на 15 години, додавајќи дека се повредила себе си, но и своето семејство и другите блиски лица. Вели дека следните неколку години се борела со зависноста, а потоа била трезна девет месеци кога била бремена. „Тогаш тоа беше најдолгиот период во кој не користев дрога“, признава таа.

Прочитајте и...  Сопругата на Хју Грант не е заинтересирана за неговите минати гревови: Афера со проститутка и две деца родени во иста година од различни жени

Шест години живеела на улица, а дека мора да се бори со своите пороци сфатила дури кога била уапсена. „Го напуштив училиштето, ја дадов ќерката на привремено посвојување, едноставно не можев да престанам да користам дрога. Во тој момент од животот немав семејство, ниту пријатели, ниту било кого. Бев сосема сама“, објасни таа.

Фото: Фејсбук

„Боледував шест години, болеста ме држеше во заробеништво. Многу се срамев и жалев што ја изгубив ќерката, семејството и себе си“.

Решила да промени се кога била уапсена за користење и поседување на дрога, а потоа доброволно се пријавила на рехабилитација која после 30 дена ја продолжила на неколку месеци.

Сега на сите им го порачува истото „Само продолжете да се борите и секогаш сетете се дека еден ден ќе бидете благодарни, поскромни и поотворени“, раскажа Медисон отворено за „The Addict’s Diary“ на Фејсбук каде ги сподели и своите фотографии од трансформацијата.

Прочитајте и...  Доаѓа новиот трилер „Hitman's Wife Bodyguard“ со Рајан Рејнолдс, Селма Хајек и Семјуел Л. Џексон

Поврзани вести

ФОТО | Седа коса, а таа непрепознатлива: Погледнете каква промена претрпе убавата Белучи за новата улога

Слободен печат

Реченици кои треба да ги избегнувате на интервју за работа

Слободен печат

Адвокатот на Вајнстин тврди: Тој е веќе речиси слеп, му испаѓаат и забите

Слободен печат

Чоколадо, грозје, коски од живина и друга храна која не смее да ја јаде вашето куче

Слободен печат

Поради неа луѓето се самоубивале: Ова е најтажната песна во Југославија која Тито лично ја забранил

Слободен печат

Ковчегот во кој ќе биде погребан принцот Филип е направен пред 30 години: Еве зошто тој е обложен со олово

Слободен печат

Остави Коментар