Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Полноќно време за ужина“: Сидни Свини во гаќички и кошула позира за новата колекција

Актерката Сидни Свини продолжува да се фали со својата линија долна облека на социјалните мрежи.

Таа го привлече вниманието со своето предизвикувачко издание каде што позираше во долна облека за својот бренд „Сирн“, а овој пат новата линија е инспирирана од модата и естетиката на осумдесеттите години.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На провокативните фотографии таа покажа гаќички, градници, но и – боксерки.

На една од фотографиите, облечена само во раскопчана кошула и гаќички, таа клекнува додека „скенира“ баркод залепен на грбот на машки модел.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Најавата е всушност лансирањето на нејзината нова колекција долна облека „Разиграно“ од брендот „Сирн“, која актерката го лансираше претходно оваа година. Со овој потег, Свини се натпреварува со Ким Кардашијан и нејзиниот бренд „Скимс“.

Со својот маркетиншки пристап, кој го вклучува и контроверзниот потег со закачување на градник на знакот на Холивуд, Свини јасно става до знаење дека е подготвена на сè за да го обезбеди успехот на својот бренд.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Сидни Свини ќе продава градници: Холивудската актерка го претстави својот бренд за долна облека со провокативна фотосесија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот