ФОТО | Почина легендарниот актер Доналд Даглас, познат по улогата во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“
Актерот од филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“, Доналд Даглас, почина на 92-годишна возраст по кратко боледување. Легендарниот актер починал во болница минатата недела, опкружен со семејството и пријателите.
Препорачано
Доналд беше особено омилен по улогата во филмот „Бриџит Џонс“, каде што го толкуваше адмирал Дарси, таткото на ликот што на екранот го играше Колин Фирт.
Тој глумеше и во популарните телевизиски серии меѓу кои и „Доктор Ху“.
Доналд Даглас е роден во 1933 година во Фалкирк, Шкотска. Студирал на Единбуршкиот колеџ за уметност, а потоа се приклучил на Кралската академија за драмски уметности (RADA) во Лондон.
Неговиот телевизиски пробив се случил кога добил улоги во адаптациите на романите на Волтер Скот, „Redgauntlet“ и „Rob Roy“.
Во текот на долгогодишната кариера на малите екрани, Доналд се појави и во „Би-би-си-“ сапуницата „EastEnders“, каде што го глумеше ликот Хју Ајткен.
Стануваше збор за кратко појавување, глумеше во само неколку епизоди, емитувани во април 1995 година.
По веста за неговата смрт, почнаа да пристигнуваат бројни пораки за збогување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


