ФОТО | Почина Елиот Ервит, авторот на најпознатите фотографии од Мерлин Монро
Легендарниот американски фотограф Елиот Ервит, автор на некои од најпознатите фотографии на државници и славните личности како Мерлин Монро, почина на 95-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Веста за смртта на фотографот ја објави неговата агенција „Магнум“.
„Тој умре мирно опкружен со своето семејство. Неговите фотографии ни помогнаа да разбереме кои сме ние како општество и како луѓе, тие инспирираа генерации фотографи и покрај новите трендови во индустријата“, објави во четвртокот агенцијата.
Rest in peace photographer Elliott Erwitt, who captured Marilyn during this iconic cinematic moment. pic.twitter.com/dcTrS6cPYQ
— Marilyn Remembered (@MMRemembered) December 1, 2023
Елиот Ервит имаше специјална дарба за фотографирање на уникатни моменти, без разлика дали се историски како моментот на тензија во 1959 година меѓу Ричард Никсон и тогашниот советски лидер Никита Хрушчов, познати личности како фамозната Мерлин Монро или целосно откачени портрети на кучиња и луѓе спротивставени еден против друг.
Роден на 25 јули 1928 година во Париз од родители Руси, Елиот Ервит израснал во Милано, од каде емигрирал со своето семејство во САД во 1939 година. По десет години минати во Њујорк, тој се преселил во Лос Анџелес, каде што се посветил на фотографијата и работел во фото студио специјализирано за портрети на филмски ѕвезди.


